Во Премиер лигата, повредите ги прогонуваат клубовите како кошмар. Според аналитичарот на „Premier Injuries“, Бен Динери, од почетокот на сезоната имало речиси 200 повреди. Ова е зголемување од 15% во споредба со последните години. Во просек, секој клуб имаше по 10 повредени играчи од почетокот на оваа сезона. Еден од рекордерите на оваа неславна листа е Њукасл Јунајтед со 14 повреди на своите играчи.
Интересни информации доаѓаат и од анализата за тоа што се случувало пред и по последното светско првенство во Катар. Ако се знае дека токму Премиер лигата имаше најмногу претставници во репрезентациите кои учествуваа на Светското првенство, аналитичарите велат дека не е ни чудо овој кошмарен период за играчите во оваа лига.
Во штотуку објавениот извештај на осигурителната компанија Howden податоците велат дека просечната должина на отсуство поради повреда на фудбалерите кои настапуваа на Светското првенство од најдобрите пет европски лиги се зголемила од 11,35 дена пред СП 2022 на 19,41 дена веќе во јануари. Рекорден број на повреди се забележани и во Бундеслигата. Трошоците за повредените играчи се зголемени за речиси 30% (од 553,62 милиони евра на 704,89 милиони евра). Аналитичарите уште сега алармираат дека ако се знае дека следната сезона УЕФА одлучи 36 клубови да учествуваат во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, сигурно дека оваа бројка на повреди кај фудбалерите рапидно ќе се зголеми.