Цела Бугарија беше против актуелната гарнитура на луѓе кои раководат со тамошниот фудбал. Лигата е во голем пад, а репрезентацијата бележи слаби резултати.
Капак на се беше големите протести на навивачите против Сојузот пред мечот на Бугарија со Унгарија во Софија. Полицијата со водени топови ги растеруваше навивачите кои правеа нереди.
Дополнителен притисок дојде и од премиерот на Бугарија, Николај Денков кој во писмо од премиерот на ФИФА Џани Инфантино барал да превземе одлучна акција за смена на Михајлов од претседател на Сојузот и поставување на привремено раководство.
Под притисок првиот човек на ФС на Бугарија, Борислав Михајлов поднесе оставка, а неговиот заменик ќе биде избран на конгресот во март 2024 година.
Се отвори пат за ново раководство, а на неговото место може да седне легендарниот напаѓач Димитар Бербатов.