Фулам ги совлада Вулвс во меч со три пенали

131

Фулам го совлада Вулверхемптон со 3:2 во интересен меч од 13.коло на англискатга Премиер лига. Домашните фудбалери два пати водеа, а гостите изедначуваа, а трите бода останаа на „Крејвен котиџ“ благодарение на гол од пенал во 94 минута. На мечот имаше вкупно три пенали.

Прво Алекс Ивоби го отвори резулаттот уште во 7. минута, а изедначи Куња во 22 минута.

Во 59 минута Семедо направи фаул во казнениот простор, а судијата Мајкл Салисбери по консултација со колегите од ВАР собата досуди пенал. Вилијан погоди за водство на Фулам, но радоста траеше до 75 минута кога судијата свирна пенал за Вулвси по прекршок на Тим Реам. Кореецот Хванг го изедначи резултатот 2:2.

Во 91 минута Хари Вилсон падна во шеснаесетникот по дуел со противнички играч, а арбитарот по консултација со колегите од ВАР покажа на белата точка. Вилијан погоди за победа на Фулам.

Фулам е на 15 место на табелата, а Вулверхемптон е на 12-тото. И двете екипи имаат по четири ремија, а Вулвс 16 бодови додека Фулам три помалку.

 

ПретходноЏирона непоразена од Атлетик во Ла Лига, а Болоња им се врати на победите во Серија А
СледноНајтежок пораз за Леброн Џејмс во кариерата (ВИДЕО)