Чави под притисок: Утре против Порто ќе мора да направи шест промени

362

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, се очекува да направи најмалку шест радикални промени во тимот пред утрешниот дуел против Порто во Лигата на шампионите, каде Каталонците мора да дојдат до победа.

Весникот „АС“ пишува дека Чави е под притисок по двата порази и двете две неубедливи победи во последно време, како и едно реми во последните пет изданија на „Блауграна“.

Тој одбива да прифати дека има „криза“ во тимот, но ќе мора да менува во првиот состав за дуелот со Порто. Поради повреда на грбот, Марк-Андре тер Штеген отсуствуваше од терените две недели, но сега се очекува да го замени Инаки Пења и да ја врати капитенската лента од Френки де Јонг. На бековската линија, Жоао Кансело ќе го замени Балде. Промена ќе има и во нападот каде Феликс и Рафиња ќе добијат шанса на местото на Јамал и Феран Торес. Две промени ќе има и во средниоот ред. Таму се враќа Гундоан, а најверојатно и Педри.

ПретходноСветското во Катар си го зема данокот: Оваа сезона има 15% повеќе повреди на фудбалерите!
СледноМалага и Севиља домаќини на Дејвис Купот и Били Џин Кинг Купот во 2024 година