Ѓоковиќ одбил да се тестира, мора да биде казнет!

533

Србија беше поразена во полуфиналето на Дејвис купот, одговорноста ја превзема Новак Ѓоковиќ. Малкумина се надеваа на тоа, Ѓоковиќ секако беше најголемата надеж на српските навивачи и јавноста.

Тој во солзи зборуваше пред јавноста по полуфиналниот меч, а откри дека со неговите соиграчи одбија допинг тест пред четвртфиналниот натпревар против Велика Британија.

Тие по мечот беа на тестирање, а самиот Ѓоковиќ ги критикуваше методите на претставниците на антидопинг агенцијата.

„Имав кратка дискусија со тие луѓе. Не можев да верувам дека донеле одлука дека час и половина пред натпреварот морам да одам на допинг контрола. Имам своја рутина, но поддржувам тестирање. Не порано натпреварот.Кога ќе завршам, дојди и тестирај, не видов никаква причина ниту логика.Се надевам дека таквите одлуки ќе се сменат.Срамно е тоа што го направија, ова е безобразно“, изјави популарниот Ноле.

Секако критики доби и Ѓоковиќ, бидејќи правилата се јасни. Тестирањето е можно пред и по натпреварот.

„Ѓоковиќ може да биде суспендиран. Одбил да се тестира пред мечот, го направил потоа. Во велосипедизмот, ако одбиеш тест значи дека си позитивен, по што следи казна“, вели Марк Мадио, кој е некогашен велосипедист. 

ПретходноЏерард го убедува Де Хеа да се пресели во Саудиска Арабија
СледноАлкалоид се „чекираше“ во Нов Сад (ФОТО)