Јокиќ со рекордни 39 поени оваа сезона, Бостон ја „преслуша“ и Атланта (ВИДЕО)

213

Кошаркарите на Денвер славеа во еден од најинтересните ноќешни дуели во НБА лигата и тоа против Сан Антонио со 132:120, со уште една одлична партија на Никола Јокиќ, кој беше на дофат на нов трипл-дабл. Јокиќ го заврши мечот со рекордни 39 поени оваа сезона, а забележа и 11 скока и девет асистенции. Мајкл Портер додаде 25, а Реџи Џексон 20 поени за Денвер.

Во редовите на Сан Антонио се истакна Виктор Вембањама со 22 поени, 11 скока и шест асистенции, но не можеше да спречи 12. последователен пораз на својот тим. Ова е третата најдолга серија на порази во историјата на франшизата.

Бостон на свој терен победи против Атланта со 113:103 и сега имаат скор 13/4 за прво место на Истокот. Селтикси до победата ги предводеше Џејсон Тејтум, кој постигна 34 поени.

Милвоки ја надмина негативата од 26 поени и на крајот победи на домашен терен против Портланд со 108:102. Најзаслужни за триумфот на Бакс беа Јанис Адетокунбо со 33 поени и Демијан Лилард со 31.

Феникс ја забележа седмата последователна победа откако на гостински терен го победи Њујорк со 116:113, предводен од Девин Букер кој постигна 28 поени, вклучувајќи и решавачка тројка на 1,7 секунди до крајот.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Атланта 113:103

Мемфис – Минесота 97:119

Њујорк – Феникс 113:116

Орландо – Шарлот 130:117

Бруклин – Чикаго 118:109

Кливленд – Торонто 105:102

Денвер – Сан Антонио 132:120

Милвоки – Портланд 108:102

ПретходноНе за црвен, ова е старт за во „затвор“! А доби само жолт….
СледноКалин се врати на 305. место на АТП листата