Џирона непоразена од Атлетик во Ла Лига, а Болоња им се врати на победите во Серија А

137

Во италијанската Серија А вечерва се одиграа последните два меча од 13.коло. Болоња им се врати на победите по оној пораз од Фиорентина пред една недела. Сега тимот предводен од Тијаго Мота го совлада Торино со 2:0 што е петта победа сезонава и скок на шестото место на табелата со 21 освоен бод.

Торино го запиша петиот пораз и е на 12-тата позиција.

Головите паднаа во второто полувреме, прво погоди Џовани Фабијан, а во последната минута и германскиот интернационалец  Џошуа Зирке.

Во Верона истоимениот домашен тим ремизираше со Лече 2:2. Гостите на два пати водеа, а домашните го изедначуваа резултатот и на крајот си освоија бод.

Верона е претпоследна со девет бодови, а Лече е на 13-тото место со 15.

Во шпанската Ла Лига, екипата на Џирона продолжува да воодушевува со резултатите. Вечерва во рамките на 14.коло Џирона одигра 1:1 со Атлетик Билбао. Поведоа домашните со гол на Циганков во 55 минута, а изедначи Ињаки Вилијамс во 67 минута. Џирона е втора на табелата со 35 бодови исто колку и лидерот Реал Мадрид. Атлетик е на петтата позиција со 25 бодови.

 

 

ПретходноЛиверпул ќе плати дополнителни 10 милиони фунти за Нуњез
СледноФулам ги совлада Вулвс во меч со три пенали