Атлетите на Специјална олимпијада Македонија спортуваа на „Европската кошаркарска недела

71

Европската кошаркарска недела 2023 опфати играње на се популарниот „3Х3 basketball“ во чии рамки лицата со интелектуална попреченост изминатиот викенд, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје се натпреваруваа заедно со  партнерите во Јунифајд (Unified) тимови.

Преку заземање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со ФИБА и кошаркарската Евролига, Специјална Олимпијада Македонија уште еднаш, во оваа прилика, повика на еднаквост и ја нагласи потребата за еднакви можности за сите.

Во рамките на настанот, обраќање имаа претставници на кошаркарска федерација на Македонија, специјална олимпијада Македонија, фонд за население на Обединетите нации – УНФПА, како и спортскиот амбасадор на Агенцијата за Млади и Спорт.

ПретходноВМФЛ: Лидерот убедлив и со Тетекс, Скопје го совлада Осогово
СледноКожув му посака добредојде на Даскаловски