ФИБА ги одреди домаќините за олимписките квалификации

91

Извршниот комитет на ФИБА ги потврди домаќините на машките олимписки квалификациски турнири во 2024 година.

Националните федерации на Шпанија, Грција, Летонија, Порторико ги добија правата за домаќини на четирите олимписки квалификациски турнири на ФИБА, кои ќе се играат од 2. до 7. јули 2024 година во градовите Валенсија, Атина, Рига и Сан Хуан.

Вкупно 24. национални селекции ќе се натпреваруваат на четири олимписки квалификациски турнири во 2024 година. Деветнаесет екипи се квалификуваа преку Светското првенство кое се одржа на Филипините, Јапонија и Индонезија.

Преостанатите пет екипи кои го сочинуваат натпреварувањето беа победници на олимписките претквалификациски турнири што се одржаа во август оваа година.

Победникот на секој олимписки квалификациски турнир ќе го добие својот билет за олимпискиот тутнир во париз 2024, придружувајќи им се на седумте селекции кои веќе се квалификувале директно на Олимписките игри, плус домаќинот, Франција. .

Инаку, официјалната ждрепка за олимписките квалификациски турнири на ФИБА 2024 година ќе се одржи денеска во 19:00 часот по средноевропско време во „куќата на кошарката Патрик Бауман“, во седиштето на ФИБА.

Претходно„Бејби Шек“ пренесен во болница, му откажал едниот бубрег!
СледноАморим задоволна: Зад нас е одлична недела, треба да продолжиме во ист ритам!