Џерард го убедува Де Хеа да се пресели во Саудиска Арабија

96

Шпанскиот голман Давид Де Хеа беше блиску да потпише за шпанскиот второлигаш Елденсе, но според информациите на шпанскиот печат, се чини дека нема ништо од тоа, а Де Хеа е интересен за клубовите од Саудиска Арабија.

Де Хеа и претходно беше поврзуван со Ал Наср за кој игра Кристијано Роналдо, но неговата сопруга наводно се одлучила да се откажат од оваа понуда. И покрај големите пари што ги понудија Арапите, дури 30 милиони евра по сезона, неговата сопруга не сакала да заминат во оваа азиска земја.

Шпанецот сега има нова понуда од саудиски клуб, конкретно од Ал Етифак кој од клупата го предводи легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард.

Ако се знае дека е без ангажман долго време, Де Хеа оваа понуда не би требало да ја пропушти.

ПретходноГолем удар и за Кристал Палас: Дукуре го пропушта Африканскиот куп на нации
СледноЃоковиќ одбил да се тестира, мора да биде казнет!