Дортмунд славеше на „Сан Сиро“ за место во осминафинале, ПСЖ до бод во 98. минута

304

Гостински победи во 5.коло од групата Ф во Лигата на шампиони. Борусија Дортмунд славеше со 3:1 на гостувањето кај Милан и се пласираше во осминафиналето.

Борусија има 10 бода и патува во наредната фаза. Милан падна на последното место во групата со пет бода.

На „Сан Сиро“ интересен меч. Во шестата минута Жиру промаши пенал, а четири минути подоцна Марко Ројс од белата точка ја затресе мрежата на Милан. Сепак, „росонерите“ изедначија со убавиот гол на Чуквуезе.

Второто полувреме го одбележаа гостите од Германија. Прво Биное-Гитенс со својот деби гол во ЛШ донесе предност за Дортмунд, а десет минути подоцна Карем Адејеми ги постави конечните 1:3.

 

А Њукасл водеше со гол на Исак во 24. минута, а во 96. минута ПСЖ стигна до реми благодарение на гол на Килијан Мбапе од пенал. На пеналот му претходеше игра со рака на еден играч на Њукасл. Па така ПСЖ е на второто место и е во пол позиција за осминафиналето. Њукасл и Милан имаат по пет бода. Тие две екипи ќе играат меѓу себе во последното коло, додека ПСЖ ќе гостува во Дортмунд.

РЕЗУЛТАТИ, 5.КОЛО
ГРУПА Е
ЛАЦИО – СЕЛТИК            2:0
ФЕЕНОРД – АТЛЕТИКО    1:3
ТАБЕЛА: Атлетико 11 бода, Лацио 10, Феенорд 6, Селтик 1

ГРУПА Х
БАРСЕЛОНА – ПОРТО                   2:1
ШАХТЈОР – АНТВЕРПЕН                1:0
ТАБЕЛА: Барселона 12 бода, Порто 9, Шахтјор 9, Антверпен 0

ГРУПА Г
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ЛАЈПЦИГ   3:2
ЈАНГ БОЈС – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА    2:0
ТАБЕЛА: Ман.Сити 15, Лајпциг 9, Јанг Бојс 4, Ц.Звезда 1

ГРУПА Ф
МИЛАН – БОРУСИЈА Д.                1:3
ПСЖ – ЊУКАСЛ                           1:1
ТАБЕЛА: Борусија 10 бода, ПСЖ 7, Њукасл 5, Милан 5

ПретходноЛуд гол на Ермосо (видео)
СледноДончиќ со 41 поен го спречи Хјустон да обезбеди четвртфинале на НБА Купот (ВИДЕО)