Поранешниот одбранбен фудбалер на Евертон и Шефилд Јунајтед, Фил Јагиелка објави крај на професионалната фудбалска кариера на 41 годишна возраст. Дефанзивецот беше ослободен од второлигашот Стоук по завршувањето на минатата сезона и одлучи да каже збогум на 23-годишната кариера во фудбалот.
Играчот има повеќе од 750 натпревари низ терените во Англија, а за репрезентацијата на Англија има 40 меча меѓу 2008 и 2016 година. Со „Гордиот Албион“ учествуваше на ЕП 2012 и на СП 2014.
Јагиелка мина 12 години на „Гудисон парк“.
Enjoy retirement, @PJags06! Congratulations on a fantastic career. 👏💙pic.twitter.com/W1IB7T9roX
— Everton (@Everton) November 28, 2023