Алкалоид го запиша четвртиот пораз во Европската лига, откако на последниот гостински меч беше совладан од Војводина со 34-29 во рамкиет на петото коло. Српскиот тим ја оправда својата фаворитска улога на оваа средба, дојде до бодовите кои му носат пласман во главнта рунда.
Мартин Серафимов беше стрелец на осум гола од девет обиди, додека Митев постигна шест од десет обиди, пет гола имаше Стојковиќ.
Македонскиот вицепрвак имаше водство на почетокот од 1-2, по што противникот со два гола во низа поведе со 4-2, дојде на 7-4. Алкалоид имаше шанса да дојде до изедначување, Трајкоски беше одличен на голот, но Бинго не успеа да се надоврзе на серијата на Серафимов и Митев, па следеше казна. Војводна набрзина зголеми на 11-7, на одморот позитивата во корист на домаќинот беше пет гола.
На стартот на второто полувреме, Алкалоид имаше негатива од шест гола (17-11) која стигна до седим гола (20-13). Противникот оваа позитива ја имаше до 40 минута кога македонскиот вицепрвак со серија од 3-0 се доближи на 25-21. Два нереализирани напади на Алкалоид, Војводина ги казни и дојде на 27-21. На осум минути до крајот Лазаров повика нов тајм-аут, бидејќи домаќинот повторно зголеми на плус седум (34-27). Војводина без проблем го приведе мечот во своја корист.
Во последното коло од дебитанската сезона во Европската лига, Алкалоид е домаќин на Ла Риоха, тимот против кого го освои историскиот бод.