Бојку: Нема да биде лесно со Вардар, сепак Струга ТЛ е шампион и ние одиме по трите бода!

225

Утре на ФФМ со почеток од 13 часот се игра мечот од 16.коло во ПМФЛ меѓу Вардар и Струга ТЛ. Јасно е кој е фаворит, без разлика што Вардар си е Вардар, сепак шампионот овој меч мора и треба да го добие.

Од друга страна, како што велат стружани, овие мечеви се тешки за играње. За “СпортСпорт“ во пресрет на утрешниот дуел со Вардар, свое видување има Бесмир Бојку, “моторот“ на Струга ТЛ:

“Нема да биде нималку лесно со Вардар. Овие мечеви се тешки за играње кога против себе го имаш еден Вардар. Без разлика каде се наоѓа на табелата, сепак Вардар е Вардар. Според мене и има и добра екипа, значи ако сакаме да победиме мора да го дадеме максимумот. Сепак секоја чест за Вардар, но Струга ТЛ е шампион и ние одиме по трите бода“ посочи играчот за врска на шампионот.

ПретходноСите му се смеат: Роналдо доби статуа во Ријад, ама фризурата му е како на Меси! (ФОТО)
СледноБунт во Барселона, фудбалерите не сакаат да играат веќе договорена средба!