ВАР ВОВЕДУВА ПРОМЕНИ: Предлогот е на маса – еве што ќе можат да проверуваат судиите!

418

ВАР технологијата во иднина би можела да има уште поголеми овластувања. Еден од новите предлози ја разбранува јавноста, бидејќи според новите правила, судиите ќе може да гледаат видеа при одлучувањето за слободни удари, корнери и други жолти картони. Тоа не е нешто што им се допаѓа на сите, па останува да видиме како ќе оди овој предлог.

Поради проверките на ВАР, натпреварите сега траат доста долго, тоа се гледа по продолженијата, на некои натпревари тоа достигнува и време од 10 минути.

Проверките за голови, офсајди, фаули за директен црвен картон доволно ги продолжуваат натпреварите и тоа е и главната грижа кога станува збор за воведување нови правила. Во тој случај, уште повеќе работа ќе имаат помошниците, односно судиите задолжени за ВАР.

Информација за ова објави британски „Тајмс“, а набрзо се прошири и на социјалните мрежи. Како и за се, има и такви кои веруваат дека може да донесе одредени подобрувања, иако има поголем број на оние кои се против.

Навивачите на Премиер-лигата се пошегуваа со овие промени. Натпреварите кои почнуваат во 15 часот нема да завршат пред 21 часот“, напиша еден од навивачите и доби голема поддршка од многумина.

ПретходноОткриени се нови детали околу скандал допингот со Ѓоковиќ
СледноНавивачите на Јунајтед шокирани од можниот трансфер потег на клубот