КФСМ и Специјална Олимпијада на Македонија потпишаа меморандум за соработка

102

Македонската кошаркарска федерација и во наредниот период ќе пружи максимална поддршка за сите идни проекти на Специјалната Олимпијада на Македонија, а го потврди со потпишување на меморандумот за соработка.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, и Моника Бошкоска, првиот човек на Специјалната Олимпијада се договорија за соработка и поддршка за реализација на проекти и програми за развој и спроведување на идни проекти насочени кон промовирање на инклузивноста, спортскиот дух и ангажманот на заедницата преку кошарката.

Поддршката ќе биде насочена кон развој на инклузивноста преку спортскиот дух, поддршка на кошаркарски лиги, здружувајќи ги спортистите со и без интелектуална попреченост.

Но, и за поддршка на промотивни настани за да се подигне свеста и да се поттикне учеството на заедницата кои се фокусираат на разбирање и прифаќање во заедницата, семинари за едукација на членовите на заедницата за придобивките од инклузивните спортски програми, промовирање на кампањи за подигнување на свеста на заедничката мисија за инклузивност и спортски дух, како и за поддршка на училишни партнерства за интегрирање на инклузивната кошарка во наставните програми за физичко образование.

ПретходноДијамантот во тимот на колото во Серија А! (ФОТО)
СледноСите му се смеат: Роналдо доби статуа во Ријад, ама фризурата му е како на Меси! (ФОТО)