Лазаров пред Војводина: Очекувам квалитетна игра и борбеност од момците

100

Алкалоид денеска (18:45 часот) го игра последниот гостински меч во рамките на Европската лига, претпоследен во рамките на групната фаза. Противникот на македонскиот вицепрвак е Војводина, тим кој има докажани и далеку поискусни имиња од составот предводен од Кирил Лазаров.

Предводникот на Алкалоид потенцира дека мечот го чекаат подготвени, бара мотивираност и борбеност од неговите ракометари.

„Војводина е сериозен противник со докажани играчи на европската сцена и квалитетен ростер. Тие се екипа која лани освоија европски пехар, а имаат големи амбиции и сезонава и во иднина. 
Овие натпревари за нас се добредојдени и преку нив добиваме големо искуство. Тоа е особено важно за нашите млади ракометари, голем процент од нив прв пат играат европско клупско натпреварување. 
Спремни го дочекуваме овој натпревар и очекувам квалитетна игра, голема борбеност и мотивираност од моите играчи“, изјави тренерот Кирил Лазаров. 

Натпреварот ќе се игра со почеток од 18:45 часот, а директен ТВ преност ќе има на каналите МТВ-3 и Арена Спорт 2.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Трпчевски “главен“ на Гостивар – Шкупи, Грујоски ќе им суди на Шкендија и Работнички
СледноСаутгејт останал без неколку милиони фунти поради грешка на неговиот менаџер