ЛШ: Дуелите во Милано и Париз во центарот на вниманието!

304

 

Вечерва се играат осум средби од 5.коло во групите Е,Ф, Г и Х во Лигата на Шампионите. Секако дека во преден план се дерби – средбите во Милано и Париз во кои се среќаваат Милан – Дортмунд и ПСЖ – Њукасл. Победа на Милан и дефинитивно ќе значи пласман во следната фаза. Во пресрет на ова коло Милан е прв на табелата во групата – Ф со 7 бода, втор е ПСЖ со 6, трет е Дортмунд со 5 и Њукасл има само 4 бода и сите се во “игра“.

Во групата – Г тимот на Јанг Бојс ја пречекува Ц. Звезда и победникот од овој меч ќе биде трет на табелата и ќе игра во Европа и напролет, тука Сити и Лајпциг веќе се во 1/8 финалето.

Во групата – Е тимот на Феенорд го дочекува Атлетико Мадрид.Шпанскиот состав ако победи и математички ќе се пласира во следната фаза.

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО ВО ЛШ – ВЕЧЕРВА

ГРУПА – Е

Лацио – Селтик (18:45 ч)

Феенорд – Атлетико Мадрид (21:00ч)

ГРУПА – Ф

Милан – Дортмунд (21:00 ч)

ПСЖ – Њукасл (21:00 ч)

ГРУПА – Г

Јанг Бојс – Ц. Звезда (21:00 ч)

Манчестер Сити – Лајпциг (21:00 ч)

 ГРУПА – Х

Шахтјар – Антверпен (18:45 ч)

Барселона – Порто (21:00 ч)

ПретходноСелекторот Изов го објави списокот на фудбалерки за мечот со Бугарија!
СледноДијамантот во тимот на колото во Серија А! (ФОТО)