Мурат Јакин ќе ги предводи Швајцарците на ЕП 2024

180

Мурат Јакин останува на кормилото на Швајцарија и ќе ја предводи оваа репрезентација на ЕП 2024 година, објавија од локалниот Фудбалски сојуз. Швајцарија не блескаше на последните квалификациски средби затоа што славеше само против ндора. Сепак, Швајцарците успеаја да изборат место на евро-шампионатот во Германија.

„Иако одигравме четири меча нерешено и еднаш изгубивме во последните квалификациски средби, му даваме доверба на Мурат Јакин“, изјави претседателот на ФС на Швајцарија, Доминик Блан.

Јакин е на клупата на Швајцарија од 2021 година и ја водеше оваа репрезентацијана СП во Катар. Во групата ги победи Камерун и Србија, а потоа во осминафиналето изгуби од Португалија со 6:1.

ПретходноЛазаров: Учиме од вакви натпревари со силни противници
СледноЛуд гол на Ермосо (видео)