Тимо Вернер е на трансфер листата на Манчестер Јунајтед за оваа зима, а раководството на „црвените ѓаволи“ веќе има испратено барање до РБ Лајпциг за напаѓачот. Ова го тврди угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг.
Според него, англискиот клуб се уште нема дадено официјална понуда, но можно е во наредните недели да започнат вистински преговори. Самиот играч не е задоволен од својот статус во РБ Лајпциг бидејќи го загуби стартното место.
Пред извесно време Вернер беше поврзуван и со Реал Мадрид, но од таборот на „кралевите“ повеќе не се заинтересирани за него.
Оваа информација наиде на значителен скептицизам кај навивачите на Манчестер Јунајтед, кои не веруваат дека Вернер е вистинската личност да ги реши напаѓачките проблеми на тимот на Ерик тен Хаг. Германецот постигна само 10 гола во 56 настапи за Челзи во неговиот претходен настап во Премиер-лигата, а не е во форма и од почетокот на оваа сезона, има само два гола во 13 настапи за Лајпциг. Откако Нагелсман стана селектор на Германија, Вернер не доби повик.
Немањето доволно голови е еден од големите проблеми на Јунајтед од почетокот на сезоната. На 13 првенствени натпревари, „црвените ѓаволи“ постигнале само 16 гола, од кои три на последниот натпревар против Евертон. Нема друга екипа од топ 12 на табелата која има помалку постигнати голови.
❗️🆕 News Timo Werner: He’s on the list of ManUtd for winter!
➡️ #MUFC has already inquired about him
➡️ No offer or negotiations yet
ℹ️ Real Madrid, not hot.Werner, not satisfied with his situation in Leipzig but the players tendency at this stage is to stay at least until… pic.twitter.com/FNBs7nQ2if
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) November 27, 2023