Тодоровски: Работнички може да се надигрува со Шкендија!

147

 

Работнички откако одигра 0:0 против Гостивар изминатиот викенд, веќе утре го чека тешко гостување кај Шкендија. Ова е меч од 16.коло во ПМФЛ,сите средби се закажани за утре од 13 часот.

Во таборот на тимот од Дебар Маало провејува оптимизам, а за клупскиот сајт Димитар Тодоровски истакна:

“Следно искушение за нас е Шкендија, несомнено квалитетен тим, посебно кога игра дома. Од друга страна ние оваа сезона покажавме дека може да се надигруваме со Шкендија,затоа верувам дека со максимално залагање и сериозен пристап ќе можеме да дојдеме до бодови во Тетово“.

ПретходноБаерн со неверојатно видео објави дека Ноер и Улрих ги продолжиле договорите! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноБаерн Минхен се спрема за трансфер од 130 милиони евра!