Финалистот на овогодишниот Копа Либертадорес, славниот Бока Јуниорс нема да игра во најсилното клупско натпреварувања на Јужна Америка идната година. Пред три недели Бока играше со Флуминенсе за титулата и го загуби мечот, а сега нов удар за шесткратниот јужноамерикански првак.
Нема да игра во следното издание на КЛ затоа што не се квалификува. Тоа им се случува за првпат по 2017 година.
Пласман во Копа Либертадорес 2024 година од Аргентина изборија Ривер Плејт, Таљерес, Росарио Центарл и Сан Лоренцо.