Така тоа го прави Баерн Минхен.Не само што својот тим го засилува, туку во исто време ги ослабнува и конкурентите. Имено топ –тема во фудбалска Германија е желбата на “баварците“ да го ангажираат Флоријан Вирц, напаѓачот на Баер Леверкузен и членот на репрезентацијата на Германија. Гигантот од Минхен за овој трансфер е спремен да исплати дури 130 милиони евра.
За него заинтересирани се и Манчестер Сити и Барселона, но неговата желба била да остане во Германија и да се пресели на„Алијанц Арената“ во Минхен.
Вирц би требало да биде наследникот на Томас Милер кој веќе најави заминување од Баерн Минхен.