Клуб од Дубаи влегува во Евролига

133

Сопствениците на Евролигата речиси едногласно ја изгласаа одлуката за приклучување на клубот од Дубаи во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Дубаи нема да влезе во Евролигата следната сезона, влез се очекува во сезоната 2025/26. Новото раководство на Евролигата на чело со претседателот Дејан Бодирога смета дека оваа можност за проширување на натпреварувањето во Обединетите Арапски Емирати не треба да се пропушти.

Евролигата има 18 членови. Барселона, Реал, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби, Ефес, Фенербахче, Милан, Жалгирис, Баерн и АСВЕЛ имаат долгорочни лиценци, додека Монако, Валенсија, АЛБА, Виртус, Партизан и Црвена Звезда добија едногодишна лиценца.

ПретходноСаутгејт останал без неколку милиони фунти поради грешка на неговиот менаџер
СледноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет Кам го освои Аеродром