Лазаров: Учиме од вакви натпревари со силни противници

207

РК Алкалоид ги заврши гостинските натпревари во Европската лига на ЕХФ со пораз од РК Војводина во Нови Сад (29-34). По средбата во салата „Слана Бара“, тренерот Кирил Лазаров направи осврт и ја коментира средбата со српскиот шампион.

Видовме еден борбен натпревар од страна на двете екипи. Војводина е искусен и квалитетен состав, тоа го докажа на овој меч. Секогаш воведуваат нешто ново во играта, имаат квалитетни играчи и тешко е да се игра против ваков тим, посебно кога имаш млад состав како што е нашиот. Ние учиме од сите овие натпревари и собираме искуство“, изјави Лазаров.

Во име на екипата говореше и Марко Митев.

Ова беше одличен натпревар за двете екипи. Ние ги пропуштивме нашите шанси на овој меч, меѓутоа игравме против силен и квалитетен противник и од вакви натпревари и екипи можеме само да научиме и да собереме искуство. Мора да се подобриме, да бидеме посконцентрирани, ако сакаме во иднина да имаме резултати и против поискусни екипи од нас“, изјави Митев.

РК Алкалоид за крај на групната фаза во дебитантската сезона во Европската лига на ЕХФ го чека домашен натпревар против шпанска Логроњо Ла Риоха, против која на гости го освоивме првиот европски бод.

ПретходноШок за Бока Јуниорс – нема да игра на Копа Либертадорес 2024
СледноМурат Јакин ќе ги предводи Швајцарците на ЕП 2024