Лацио со два гола на Имобиле го совлада Селтик, вредна победа на Шахтјор

64

Лацио е осминафиналист во ЛШ, вредни бодови за Шахтјор
Екипата на Лацио ја оправда фаворитската улога во дуелот со Селтик во 5.коло од групата Е во Лигата на шампионите. Римјаните вечерва славеа со 2:0 со два брзи голови на Чиро Имобиле. Легендата на клубот стрелаше прецизно во 82 и во 85 минута сигурувајќи му ја на Лацио третата победа .
Лацио има 10 бодови на коло пред крајот. Селтик е последен. Од оваа група подоцна играат Феенорд и Атлетико.


А во Хамбург, екипата на Шахтјор со совлада Антверпен со дебитантскиот гол на Микола Матвиенко во 12 минута. До крајот резултатот не се менуваше и украинскиот тим стигна до 9 бодови исто колку што имаат Барселона и Порто кои вечерва ќе играат меѓу себе.
Антверпен има пет порази.

ПретходноАлкалоид поразен во Нови Сад
СледноПоранешeн англиски репрезентативец објави пензија