Најтежок пораз за Леброн Џејмс во кариерата (ВИДЕО)

406

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се поразени на гостувањето кај Филаделфија со 138:94. Најзаслужен за триумфот на Сиксер е Џоел Ембид кој натпреварот го заврши со 30 поени, 11 скока и 11 асистенции.

На друга страна, Леброн Џејмс тешко дека ќе го памети овој меч. Најдобриот стрелец во историјата на НБА од синоќа и играчот кој одигра најмногу минути во неа го претрпе најголемиот пораз во својата блескава кариера која започна во 2003 година. Никој досега не го победил него и неговиот тим со 44 поени разлика, колку што беше во Филаделфија за домашниот тим. Ова беше седми последователен пораз на Лејкерси против Сиксерс, а воедно и најголем во серијата од 290 натпревари.

Филаделфија постигна 22 тројки, Лос Анџелес само седум. Иако Ембиид цела четврта четвртина ја мина на клупата, домаќинот ја доби таа делница со 40:14 во своја корист. Центарот и лидер На Филаделфија го постигна шестиот трипл-дабл во кариерата.

Во меѓувреме, Џејмс изгледаше немоќно под обрачот како што ретко го прави. За прв пат од ноември 2010 година одигра натпревар во кој не забележа ниту еден скок, исто како и во 2004 година, кога играше за Кливленд Кавалирс против Јута Џез и Вашингтон Визардс. Леброн синоќа запиша 18 поени и пет асистенции. Ентони Дејвис додаде 17 со 11 скока за Лејкерси, додека покрај Ембиид добра партија пружи Макси со 31 поен и 8 асистенции.

Резултати: Детроит – Вашингтон 107-126, Индијана – Портланд 110-114, Филаделфија – ЛА Лејкерс 138-94, Јута – Њу Орлеанс 114-112, ЛА Клиперс – Денвер 104-113.

ПретходноФулам ги совлада Вулвс во меч со три пенали
СледноОткриени се нови детали околу скандал допингот со Ѓоковиќ