Поранешeн англиски репрезентативец објави пензија

260

Поранешниот одбранбен фудбалер на Евертон и Шефилд Јунајтед, Фил Јагиелка објави крај на професионалната фудбалска кариера на 41 годишна возраст. Дефанзивецот беше ослободен од второлигашот Стоук по завршувањето на минатата сезона и одлучи да каже збогум на 23-годишната кариера во фудбалот.
Играчот има повеќе од 750 натпревари низ терените во Англија, а за репрезентацијата на Англија има 40 меча меѓу 2008 и 2016 година. Со „Гордиот Албион“ учествуваше на ЕП 2012 и на СП 2014.
Јагиелка мина 12 години на „Гудисон парк“.

ПретходноЛацио со два гола на Имобиле го совлада Селтик, вредна победа на Шахтјор
СледноМила Рељиќ со сребрен медал на Балкан куп во Сараево