Рамос ги загуби нервите, Навас „полуде“, Ракитиќ со реакција која доволно говори

317

Севиља во неделата претрпе пораз од 2:1 на гостувањето кај Реал Сосиедад, а натпреварот го одбележаа двата црвени картони кои на самиот крај ги добија Серхио Рамос и Хесус Навас.

Рамос доби црвен картон поради остар фаул, додека поради приговор „поцрвене“ и Навас.

Во центарот на вниманието беше и искусниот хрватски играч за врска Иван Ракитиќ бидејќи се појави фотографија која е направена во моментот кога судијата му го покажа црвениот картон на Рамос и патот до соблекувалната.

Ракитиќ иронично се насмеа на ваквата одлука и стана главна тема на социјалните мрежи по завршувањето на натпреварот.

ПретходноНавивачите на Јунајтед шокирани од можниот трансфер потег на клубот
СледноНова победа за Вашингтон, 11 поени за Јакимовски