Алкараз се заканува: Се ќе сториме да го спречиме Новак да освои “Голден Слем“!

4756

Пред неколку дена Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, изјави дека за следната 2024 година има амбиција да ги освои сите четири гренслема, како и да го освои златото на ОИ во Париз.

Тоа значи дека тој има цел да дојде до “Голден Слем“.

На овие негови зборови свој коментар имаше Карлос Алкараз кој истакна:

Новак најави дека за следната 2024 има намера да оди по сите четири гренслема како и по златото во Париз. Секако ние сме тука да го спречиме во таа негова намера. Се ќе сториме да го спречиме Ѓокович да дојде до `Голден Слем`“ рече покрај другото младиот шпански тенисер кој заедно со Синер и Руне веројатно е дека се таа нова голема тројка во светот на тенисот, но само кога Новак ќе реши да престане да игра.

ПретходноПоплава во Истанбул, сепак мечот Галатасарај – Манчестер Јунајтед ќе се игра! (ВИДЕО)
СледноЕве како Роналдо во 90+4.минута ја “расплака“ Брера, а и прекрасниот гол на Цветаноски за струмичани! (ВИДЕО)