Швеѓанецот Кал Халфварсон доживеал необична повреда и тоа за време на трката во скијачко трчање.Него за време на трката во градчето Руки (Финска) на -15 степени Целзиусови му замрзнал пенисот.
“Ми замрзна пенисот, навистина ме болеше, страшно беше. Морав да одам во шаторот за го згреам малку. Ужасна повреда ако може така да се каже, ова е најлошо нешто што може да ви се случи за време на една трка. Осетив дека нешто не е во ред во шестиот од осум кругови колку што беше трката. И порано тоа ми се случило“ изјави Халфварсон кој на крајот заврши како 18-ти.