Иако силниот дожд и поплавениот терен на стадионот „Рамс Парк“ во Истанбул прават и тоа какви проблеми, сепак последните информации се дека мечот меѓу Галатасарај и Манчестер Јунајтед ќе се одигра во планираниот термин и тоа вечерва од 18:45 часот.
Организаторот уверува дека се ќе биде во ред со теренот и дека може да се игра натпреварот без никакви проблеми.
Да потсетиме дека мечот е од голема важност за двете екипи.
Турскиот тим по 4.коло во групата -А има 4 бода и е трет на табелата, додека Јунајтед е четврти со 3 бода.
Во пваа група Баерн Минхен со 12 бода веќе е во следната фаза, додека вториот Копенхаген има 4 бода. Токму затоа овој меч во Истанбул е од пресудна важност за Галата и Јунајтед.
🚨🚨 ÖZEL | Rams Park'tan yeni görüntü
⛈ Yağmur devam ediyor pic.twitter.com/3o9SkVsQQs
— Fanatik (@fanatikcomtr) November 29, 2023