Стоилковска го мина првото коло на фјучерсот во Шарм Ел Шеик

202

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска имаше успешен настап во 1.коло на фјучерс турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет. Нашата тенисерка ја совлада Нина Рудиукова од Русија со 2-1 во сетови (6-3, 5-7, 7-6).
Инаку ова е втора победа на Стоилковска над Рудиукова во кариерата. Претходно се соочија во квалификациите во Лусада, Португалија и нашата тенисерка победи со 2-0.
Следниот меч на Стоилковска е против домашната тенисерка Јасмин Езат која во првото коло ја елиминира Чои од Јужна Кореја со 2-0 (6-1, 6-1).

ПретходноЗагреб славеше над Пик Сегед, Порто поразен во Данска
СледноЕлмас одигра 25 минути, а Наполи немоќен на „Бернабеу“