Одбојкарите на Струмица ослабени заминуваат на гостувањето на СВД Дирен во реванш мечот од 1/16-финалната рунда во Купот на ЦЕВ. Според информацијата од таборот на струмичани, во составот со кој тренерот Кире Ричлиев ќе замине денеска за Германија нема да бидат двете засилувања од Тунис, Саад Ом Хени и Хамди Бен Талеб.
Причина за тоа што Тунижаните нема да бидат во тимот на Струмица на реваншот е проблемот со нивните визи. Поради тоа, тие нема да патуваат со тимот во кој сепак ќе биде канадското засилување на позицијата среден блокер, Ухена.
Струмица на првата средба на домашен терен загуби со максимални 3:0 од германскиот бундеслигаш, кој ќе биде голем фаворит и на реванш дуелот в четврток на домашен терен. Средбата во Германија е на програмата утре со почеток од 19 часот. Судии на средбата ќе бидет Хрватот Томислав Поповиќ и Холанѓанецот Вутер де Бар.