Пред неколку дена Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, изјави дека за следната 2024 година има амбиција да ги освои сите четири гренслема, како и да го освои златото на ОИ во Париз.
Тоа значи дека тој има цел да дојде до “Голден Слем“.
На овие негови зборови свој коментар имаше Карлос Алкараз кој истакна:
„Новак најави дека за следната 2024 има намера да оди по сите четири гренслема како и по златото во Париз. Секако ние сме тука да го спречиме во таа негова намера. Се ќе сториме да го спречиме Ѓокович да дојде до `Голден Слем`“ рече покрај другото младиот шпански тенисер кој заедно со Синер и Руне веројатно е дека се таа нова голема тројка во светот на тенисот, но само кога Новак ќе реши да престане да игра.