Дали со „Политика на клубот“ се кријат „местенките“ во Македонија!?

1741

Среда е многу интересен ден кога се игра Прва лига во Македонија. Ден со многу очекувања, надеж и одредени натпревари кои се „смрт за фудбалот“ и шанса за манипулации, профит и криминал. Така е и оваа среда во која е запален црвениот аларм, во кој сите коментираат а никој гласно не превзема мерки, ниту една институција не реагира, сите си молчат…

Во ФФМ е во полн ек кампањата против „наместени натпревари“. Испечатена е брошура, истата подeлена до фудбалери, клубови, фудбалски работници и судии…
И дрскоста оди до таму во екот на таа кампања повторно да има „смешни“ натпревари, криминален фудбал, познат резултат и маркет на обложувбалници кој е масакриран, „убиен“ и блокиран. И на тој меч гледате куклена претстава, играчите си играат „балет“, тренерите си гледаат и си молчат (битна им е функцијата, месечната плата…), иако сите кои се во фудбалот добро знаат за театарот, за „глумците“ за исходот… Тоа што никој не реагира е само маска позади која сите се кријат иако целата фудбалска јавност е добро информирана.

Тешко е да се сочува веста од соблекувалната во самата соблекувална, таа ја знаат прво играчите, тренерите, масерите и сите кои се во таа просторија, а откако ќе се отвори вратата следува „ураганот“, повици, јавувања, обложувања…
Така и денеска но сето тоа е покриено од дотичен спортски директор кој целата куклена претстава ја има објаснето како „политика“ на клубот, како алиби за тоа зошто мора да се загуби, зошто мора да биде таков резултатот и зошто никој не смее да шутне на противничкиот гол…

Не, во Македонија не се „местело“, во Македонија тоа се вика со терминот „клубска политика“ а тоа што квотите се убиваат, натпреварот се повлекува од понудата и што сите „лупаат“ за да имаат некаков „ќар“, тоа не е ништо, тоа не се „мести“, тоа е „клубска политика“ која за брзо сите ја знаат во фудбалските кулоaри.

И така додека се тера „клубска политика“, други екипи немаат таква „клубска политика“ и одвај црпат средства за плата на играчите но кај нив таа клубска политика не е иста како онаа „клубска политика“ за добар профит и лесно изнаоѓање на средства со нечесни работи. И после тие со чесната клубска политика ќе одат во понизог ранг, а ние со нечесната „клубска политика“ ќе си траат и ќе си траат а воедно ќе им мачкаат очи на оние кои им се „пријатели“, на кои им “помагаат“…
На крајот сите се на исто купче, во иста лига, на иста табела…

Видена и прочитана приказна со брз епилог и завршница….!

ПретходноКлоп со лоши вести за повредите на Алисон и Жота!
СледноШокантно: Нема место за Меси во идеалниот тим на МЛС!