Дончиќ со 41 поен го спречи Хјустон да обезбеди четвртфинале на НБА Купот (ВИДЕО)

388

Бостон како првопласиран од групата „Ц“ на НБА купот успеа да се пласира во четвртфиналето на ова ново натпреварување. Селтикс синоќа со победата од 124:97 против Чикаго го потврија местото во четвртфиналето. Џејлен Браун со 30 поени, осум скока и шест асистенции и Џејсон Тејтум со 21 поен, седум скока и четири асистенции беа предводници на новата победа на тимот.

Со три победи и еден пораз, Бостон оди во нокаут-фазата, заедно со Орландо и Бруклин кои имаат ист скор во оваа група, додека Чикаго претрпе четири порази. Бруклин вечерва го победи Торонто со 115:103.

Во групата „Б“, Далас го победи Хјустон со 121:115 и го спречи да се пласира во четвртфиналето. Лука Дончиќ го предводеше тимот до победата со 41 поен, девет скока и девет асистенции, а Кајри Ирвинг додаде 25 поени и седум асистенции. Од групата „Ц“ Запад, Сакраменто се пласираше во четвртфиналето со победата од 124:123 против Голден Стејт. Кралевите беа предводени од Дирон Фокс со 29 поени. Сакраменто напредуваше со сите четири победи, а Голден Стејт има 2/2. На второто место во оваа група е Минесота со 3/1 по победата против Оклахома 106:103.

Кошаркарите на Кливленд вечерва ја победија Атланта со 128:105, но не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на турнирот. Кливленд го предводеше Донован Мичел со 40 поени, 11 скока, пет асистенции и три украдени топки. Индијана, која победи на сите четири натпревари, се пласираше во четвртфиналето како првопласирана во оваа група. Атланта е последна со скор 1/3.

Од групата Б на Истокот, Милвоки се пласираше во четвртфиналето како првопласиран (4/0), а Њујорк како второпласиран (3/1). Милвоки го победи Мајами со 131:124. Бакс ги предводеа Јанис Адетокунбо со 33 поени, 10 скока, пет асистенции и три украдени топки и Демијан Лилард со 32 поени, девет асистенции и четири скока.

На турнирот 30 екипи беа поделени во шест групи во рамките на конференциите на кои припаѓаат. Екипите одиграа по четири натпревари, а победниците од секоја група и двете најдобри второпласирани се пласираа во четвртфиналето кое е закажано за 4 и 5 декември на домашен терен на подобропласираните екипи.

Во четвртфиналето на Истокот ќе играат: Њујорк – Милвоки и Бостон – Индијана, а на Западот: Феникс – ЛА Лејкерс и Њу Орлеанс – Сакраменто.

ПретходноДортмунд славеше на „Сан Сиро“ за место во осминафинале, ПСЖ до бод во 98. минута
СледноХау: Па зарем ова беше пенал? Не можам да коментирам ќе ме казнат! (ВИДЕО)