Елмас и Наполи преку Реал (М) до осминафинале, Манчестер Ј. мора да го освои Истанбул

195

Лигата на шампионите попладнево и вечерва продолжува со уште осум натпревари од претпоследното петто коло во групната фаза, по кое треба да се пополнат уште неколку места за нокаут-фазата напролет.

Во првите два меча во терминот од 18.45 часот, во фокусот ќе биде пресметката од групата „А“ меѓу Галатасарај и Манчестер Јунајтед. Турците, предводени од нивниот најдобар стрелец Мауро Икарди, победија драматично со 3:2 на „Олд Трафорд“ и ќе сакаат да го повторат успехот сега на домашен терен. Ситуацијата за Манчестер Јунајтед е „се или ништо“, бидејќи нов пораз сигурно ќе значи и елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите. Добрата вест за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е поврзана со враќањето на Расмус Хојлунд и Ентони. Во другиот натпревар од групата, максималниот досега, Баерн (М) го пречекува ФК Копенхаген.

Во групата “Б“ во 18.45 Севиља се среќава со ПСВ Ајндховен. Шпанците досега беа разочарување и со само два бода влегуваа во мечот со последна шанса да останат во игра за пласман во следната фаза или барем да ја задржат третата позиција и повторно да играат во Лигата на Европа. Во другиот натпревар од оваа група, Арсенал го пречекува Ленса, а на „топчиите“ ќе им биде доволен бод за да бидат сигурни за следната фаза.

Во групата „Ц“, Реал Мадрид, кој досега нема загубен бод, се среќава со Наполи. На домашните им треба реми за математички да го обезбедат првото место. Во составот на „Кралскиот клуб“ има многу повредени фудбалери, а поради бројните повреди Карло Анчелоти во составот вклучи и дел од јуниорите на тимот. Евентуален успех на Наполи ќе го гарантира пласманот на тимот на нашиот Елмас во следната фаза. Во вториот натпревар Брага е домаќин на Унион Берлин. Португалците ќе бараат задолжителна победа, а германскиот тим ќе се надева дека ќе со новиот тренер ќе успее да оствари прва победа.

Во групата „Д“ се е јасно, бидејќи останува да се реши само прашањето за првото место во групата, а битката се води меѓу Реал Сосиедад и Интер. „Нероаѕурите“ се домаќини на тоталното разочарување на турнирот, Бенфика, додека Реал Сосиедад му гостува на РБ Салцбург.

ПретходноМајк Кјубан ќе го продаде Далас за 3,5 милијарди долари!
СледноПортер Џуниор: Јокиќ пиел по шест пива дневно и повторно е најдобар, неверојатно!