Напаѓачот на Ливерпул и еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата, Египќанецот Мохамед Салах, во интервју за „Скај Спорт“ призна дека е „зависен“ од шах.
Играњето шах вели дека му причинува големо задоволство и не го попречува неговиот настап на терените. Салах призна дека сонува да се сретне со легендата на светскиот шах денеска, светскиот првак Магнус Карлсен.
„Буквално, играм шах секој ден, зависен сум. Играм на интернет, но не го користам моето име. Сепак, како корисничко име некогаш го ставам моето име проследено со некои бројки. Ме прашуваат дали навистина сум Мохамед Салах и јас одговарам да, но тие не ми веруваат. Велат: „лажеш“. Немам време да се докажувам и едноставно им одговорам: „Во ред, лажам“.
„Не сум толку добар како Магнус Карлсен, но добар сум. Никој нема шанси против него, но се надевам дека ќе можеме да играме еден ден“, признава Салах за својата „слабост“.