Македонија без претставник во ракометната ЛШ за следната сезона!

1105

Очекувани лоши вести за нашиот клупски ракомет. Имено за следната сезона во ракометната Лига на Шампиони, Македонија ќе нема свој претставник.

Ова е поради фактот дека бележиме пад на ранг-листата и сега сме на 13.место, а директно обезбедуваат место во ЛШ оние земји кои се од 1 до 9 место.

Македонија ќе има право да аплицира, во секој случај. Но, критериумите за прием во ЛШ сега ќе бидат поинакви и ќе се гледа каков тим имаме, како е логистички организиран, како е финансиски среден, како стои со публика, ТВ преноси и така натаму. Па дури и сѐ да биде идеално, пак, на крајот ќе се прашува ЕХФ. 
Уште кога ЕХФ ги најави промените во начинот на кој ќе се формира Лигата на шампионите, имавме забелешка дека во краток рок тоа ќе се одрази претежно на балканските тимови и тимовите од истокот. 
За следната сезона имаме ситуација во која во ЛШ нема директно место за Македонија, Словенија, Хрватска и Србија. 
Ако сакаме ЛШ, треба да добиеме вајлд карта. 
Хрватска со години е во милост на ЕХФ и секогаш си добива покана за Загреб, за другите екс-ју држави нема да биде толку едноставно. 

ПретходноИ УЕФА си „призна“ дека ПСЖ добил подарок – пенал!
СледноДенеска почнува ракометниот мундијал во женска конкуренција