Мнозинскиот пакет акции од НБА тимот Далас Маверикс оди на продажба. Досегашниот сопственик Мајк Кјубан ќе им ј апродаде франшизата на семејството Аделсон, познато како голем поддржувач на екс-претседателот на САД, Доналд Трамп.
Како што известува инсајдерот на Атлетик, Шамс Шаранија, долгогодишниот сопственик Кјубан ќе го продаде клубот за 3,5 милијарди долари, но ќе задржи голем удел и ќе продолжи да ги контролира кошаркарските операции.
Нов сопственик на Далас ќе биде 78-годишната Миријам Аделсон, која Форбс ја смести на петтото место меѓу најбогатите жени во светот. Во вторникот таа собра 2 милијарди долари од продажбата на 10% од акциите во Лас Вегас Сандс, кој вклучува синџир на казина и хотелски комплекси.
Форбс претходно го процени Далас на 4,5 милијарди долари. Минатата година, Марк Кјубан изјави дека се надева дека ќе ги пресели Мавс во нова арена која ќе се наоѓа во близина на казина и други места за забава. Тој стана сопственик на Далас во 2000 година, купувајќи го клубот за 285 милиони долари.