Еден од нашите најдобри тренери, екс селектор, од денеска и официјално е нов тренер на Лирија Призрен, член на Суперлигата на Косово.
Договорот е на шест месеци, а целта е, како што ни изјави Јонуз, е Лирија да обезбеди опстанок во елитната лига на Косово.
Секако дека Јонуз ги повика фановите на Лирија, со цела енергија да ја поддржат екипата во наредниот период се со цел да се остварат клупските амбиции со нашиот стратег на клупата.
Најмногу заслуги за договорот на Јонуз и Лирија има менаџерот Бајрам Лика Зути.