ПМФЛ: Струга ТЛ победнички со Вардар, Тиквеш ја декласира Воска, победи и за Шкендија и Македонија ЃП, реми на Шкупи, Роналдо во 90+4. и донесе бод на Брегалница!

1085

Завршија сите шест средби од 16.коло во ПМФЛ. Во меч со многу шанси на двете страни, на ФФМ, Струга ТЛ успеа како гостин да го победи Вардар со 1:3.

Стружани рано поведоа со 0:2, упте во 11.минута, потоа Вардар намали на 1:2 со резултат кој се замина на пауза.

Во второто полувреме Компаоре во 63.минута ги разреши сите делиме околу тоа кој ќе победи. Треба да се каже дека и Вардар и Струга ТЛ имаа барем по две големи шанси за уште некој гол.May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'Ecolo 98'

Шкендија со головите на Шаља и Тотре во второто полувреме, успеа да го победи Работнички со 2:0. Треба да се издвои голот на Тотре по катастрофалната грешка на Белица.

Тиквеш со 0:3 просто ја декласира Воска и тоа не нејзин терен во Охрид. Ивановски со два гола и Спахиу беа стрелците за кавадарчани.

Тиквеш не се шегува.

Македонија ЃП со голот на Фазли во 84.минута дојде до големи три бода против Силекс. Екстра значајна победа на “лавовите“.

Супер интресно беше во Струмица, каде Брера и Брегалница одиграа 1:1. Цветаноски донесе водство на домашните, за да Роналдо Вебстер во 90+4.минута постигна гол и донесе бод за Брегалница.

На вториот меч во Струмиц, Гостивар и Шкупи одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ – 16.КОЛО

БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА 1:1

(Цветаноски 40./Роналдо 90+4.)

ГОСТИВАР – ШКУПИ 0:0

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1:0

(Фазли 84.)

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:0

(Шаља 59., Тотре 90+2/)

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1:3

(Милосавиќ (п) 28./Згуро 6., Таири 11., Компаоре 63.)

ВОСКА – ТИКВЕШ 0:3

(/Ивановски 26., 80., Спахиу 76.)

ПретходноНеобична повреда: Му замрзнал пе*исот за време на трка!
СледноТиквеш не се шегува: Кавадарчани со победничко селфи од Охрид! (ФОТО)