Попладнево се играат сите шест средби од 16.коло во ПМФЛ. По првите полувремиња Струга ТЛ со 1:2 води а гости кај Вардар. Шампионот поведе со голот на Згуро од пенал во 6.минута, а Таири во 11.минута зголеми на 0:2.
Во 28.минута пенал за Вардар, Милосавиќ го претвори во гол за 1:2, резултат со кој се замина на пауза.
Цветаноски со убав лоб удар му донесе водство на својот тим Брера против Брегалница од 1:0 во таа 44.минута. Гол гол имаше и во Охрид, каде Ивановски му донесе водство на Тиквеш на гостувањето кај Воска.
По првите 45.минути немаше голови на средбите Шкендија – Работнички, Гостивар – Шкупи и Македонија ЃП – Силекс.