Портер Џуниор: Јокиќ пиел по шест пива дневно и повторно е најдобар, неверојатно!

560

Кошаркарите на Денвер, Мајкл Портер Џуниор и Арон Гордон во разговор кој го направија за подкастот кој го прави самиот Портер, открија неколку интересни детали за нивниот соиграч и двократен носител на признанието МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ.

„Јокиќ е одличен лидер. Секогаш е на време на тренинзи, секој ден. Тренира секое утро, игра натпревар, а потоа крева тегови по натпреварот. Редовно вежба секој ден. И покрај сето тоа, тој е скромен. Кога имате двократен МВП и МВП на финалињата во НБА кој е толку несебичен, тоа е како подарок од небото. Тој е ѕвер“, вели Гордон.

Портер продолжи, откривајќи што правел Јокиќ за време на летото кое го мина во Србија.

„Тој е уникатен. Кога го гледате меч по меч, тој е најдобриот играч што сум го видел. Како е можно после МВП година да станеш подобар? И оваа година е подобар, а ние освоивме прстен. Зборував со него и ми кажа дека пиел по шест пива дневно во Србија. Најверојатно“, додаде Портер.

ПретходноЕлмас и Наполи преку Реал (М) до осминафинале, Манчестер Ј. мора да го освои Истанбул
СледноКој би рекол: Салах е зависен од играње шах и сака да се „проба“ со Магнус Карлсен!