Струмица без Тунижаните заминува на реваншот со Дирен во Купот на ЦЕВ

142

Одбојкарите на Струмица ослабени заминуваат на гостувањето на СВД Дирен во реванш мечот од 1/16-финалната рунда во Купот на ЦЕВ. Според информацијата од таборот на струмичани, во составот со кој тренерот Кире Ричлиев ќе замине денеска за Германија нема да бидат двете засилувања од Тунис, Саад Ом Хени и Хамди Бен Талеб.

Причина за тоа што Тунижаните нема да бидат во тимот на Струмица на реваншот е проблемот со нивните визи. Поради тоа, тие нема да патуваат со тимот во кој сепак ќе биде канадското засилување на позицијата среден блокер, Ухена.

Струмица на првата средба на домашен терен загуби со максимални 3:0 од германскиот бундеслигаш, кој ќе биде голем фаворит и на реванш дуелот в четврток на домашен терен. Средбата во Германија е на програмата утре со почеток од 19 часот. Судии на средбата ќе бидет Хрватот Томислав Поповиќ и Холанѓанецот Вутер де Бар.

ПретходноПМФЛ: Шампионот без Ибраими против Вардар, Работнички и гостува на Шкендија, два меча во Струмица…
СледноХаланд го урна рекордот на Мбапе: Норвежанецот е најмладиот во ЛШ кој постигна 40 гола