Ерлинг Халанд синоќа стана најбрзиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите.
Манчестер Сити го победи Лајпциг со пресврт во второто полувреме со 3:2 во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а Халанд успеа да постигна два гола со што дојде до бројката од 40 гола на турнирот за кои му беа потребни само 35 натпревари.
Норвежанецот го собори рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во најсилното европско клупско натпреварување со само 23 години и 130 дена.
What an achievement, @ErlingHaaland! 👏 pic.twitter.com/8n4GBx9Lse
— Manchester City (@ManCity) November 28, 2023