Нов шок во фудбалскиот свет, уште еден починат млад фудбалер кој имал само 25 години. Неговото име е Аџиманг Диавуси, кој некогаш играше и за младата репрезентација на Германија, а го носеше дресот на Лајпциг, Инголштад, Динамо Дрезден, Рид а до неговата смрт играше за тимот на Регенсбург во третата лига.
Негов последен меч му бил против Минхен 1860. Имал проблеми со дишењето и бил заменет во 39.минута.
Првите наоди се дека починал од природна смрт, ова го потврди и неговиот клуб.