Со натпреварите Бразил – Украина и Ј. Кореја – Австрија попладнево стартува Светското ракометно првенство во женска конкуренција. Мунцијалот годинава ќе се одржи во три скандинавски земји – Данска, Шведска и Норвешка.
Ова ќе биде првото издание на Мундијалите со три домаќини и второ издание на кое ќе настапат 32 репрезентации.
Во Данска натпреварите ќе се играат во Хернинг и Фредерикшавн, во Шведска во Гетеборг и Хелсинборг, додека во Норвешка, која е актуелен бранител на титулата, Трондхајм и Ставангер се градовите кои ќе ги пречекаат дел од најдобрите светски селекции. Финалето, како и натпреварот за трето место, се закажани во Данска во градот Хернинг.
ДЕНЕСКА, 1 КОЛО:
18.00 Бразил – Украина
18.00 Јужна Кореја – Австрија
20.30 Норвешка – Гренланд
20.30 Шпанија – Казахстан