Загреб славеше над Пик Сегед, Порто поразен во Данска

157

Хрватскиот шампион Загреб ги сочува шансите за место во осминафиналето во Лигата на шампионите со денешната победа над унгарскиот вицешампион Пик Сегед со 30-25. Тоа е мечот кој го судеа македонските судии Начевски и Николов, а кај Загреб, кој ја запиша третата победа во деветтиот меч, најефикасни беа Чупиќ и Срна со по шест гола. Дибиров постигна четири. Кај Унгарците Мачковшек постигна пет гола.
Во следното коло Загреб ќе му гостува на Пелистер, а Пик Сегед ќе игра со Киелце.
Порто го запиша шестиот пораз сезонава во ЛШ. Вечерва португалскиот првак загуби на гостувањето кај ГОГ со 35-27. За Порто во протоколот за овој меч не беше македонскиот голман Никола Митревски.
На другите мечеви Колштад изгуби дома од Алборг со 18-29, а Висла Плоцк славеше на гости кај Целје со 30-25.

 

ПретходноДаниел Андоновски ќе игра за Трст
СледноСтоилковска го мина првото коло на фјучерсот во Шарм Ел Шеик